26/04/2024
Охрид

Претставата „Енергични луѓе“ вечерва премиерно во Народниот театар Охрид

Денес (сабота) 14 мај, со почеток во 20:00 часот, во Народен театар Охрид премиерно ќе се одигра претставата “Енергични луѓе”, според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски.

Улогите во оваа сатирична комедија се на: Никола Тодороски, Билјана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.

Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.

Првата реприза на претставата ќе биде на 20 мај.


WebOhrid / 14.05.2022 / Народен театар Охрид