20/04/2024
Охрид

Претставата „Пациенти“ во сабота пред охриѓани

Театар Провокација гостува во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид со претставата „Пациенти“ во сабота 10.12.2022 година со почеток во 20:00 часот, цена на карта 200 денари, голема сала.
Режија: Ѓорѓи Ризески
Играат: Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски
Сценографија: Роберт Ристов
Автор на ликовно сценски решенија: Игор Љубовчевски Љубац
„ПАЦИЕНТИ“ е насловот на најновата хит- комедија на ТЕАТАР Провокација.
Ова е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот. Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите и средствата, само за да излеземи во право, во кои целиме што повеќе да повредиме бидејќи се чувствуваме повредено.
Тој – хроничен алкохоличар, таа – хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување.
Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи. Дополнителен квалитет е тоа што брачната актерска двојка Мирјана и Роберт Ристов, несебично го внесува своето емпириско искуство, со цел огледалото да стане што појасно и пореално. Улогата на Доктор Доце му е доделена на младиот и талентиран актер Радо Алесовски.


WebOhrid / 04.12.2022 / НУЦК „Григор Прличев“ Охрид