25/04/2024
Охрид

Претставата „Сопружници“ премиерно во сабота во Центарот за култура во Охрид

Во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид / Народен Театар Охрид ќе одржи премиера   „Сопружници” – Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.
Во истата играат: Гејб – Ивица Цонев,  Џуди – Елизабета Стефановска, Џек – Никола Тодороски, Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска, Мајкл – Филип Кипровски, сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев, Костимограф – Ванчо Василев, Инспициент – Филип Ангеличин – Жура, Светло – Борис Велјаноски, Тон – Митко Серафимоски, Избор на музика – Драгана Таневска, Дизајн на плакат – Борис Далчев, Гардеробери – Линдита Мерко, Деса Лазороска, Реквизитери – Соња Крстаноска, Маријана Николоска. Сценски декоратери – Кире Ангелоски, Горан Георгиески, Ѓоко Китоски, Даниел Андрески.
„„Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите“, вели Драгана Таневска.
Премиерата ќе се одигра во сабота на 12.12.2020 година, со почеток во 18:00 часот, (премиерата е од затворен тип).