18/04/2024
Спорт

Претставени учесниците на Охридскиот пливачки маратон

На пригодна свеченост синоќа, пред охриѓани и гостите беа претставени пливачите кои ќе учествуваат на 35то издание на Охридскиот пливачки маратон. Во машка категорија ќе се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, од Словенија доаѓа Арне Фурлан Штулар, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единствената девојка на годинашниот маратон ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

– На прагот сме на еден исклучитено богат викенд со спорстки и културнинастани, во чиј центар несомнено е најзначајната спортска манифестација–   Охридскиот   пливачки   маратон.   Настан   кој   годинава   одбележува   60годишен јубилеј,манифестација која Охрид го стави на светската пливачкамапа,   како   една   од   најпрестижните   и   најпосакуваните   дестинации   запливачките витези, рече во своето обраќање пред пристуните градоначалникот Кирил Пецаков и додаде, Охрид и охриѓани знаат и умеат да ги почитуваат и одржуваат традициите и покрај сите искушенија, кој и покрај сите потешкотиите со кои се соочуваше, ќе се одржи в сабота.

Охридскиот пливачки маратон не би опстоил сите овие години доколку тука не биле плејада заслужни охриѓани кои го поддржувале, афирмирале и помагале. За таа цел Општина Охрид додели благодарници за маратонците, кои дале придонес во организацијата на Охридскиот пливачки маратон, Дики Бојаџи, Ристе Савин и Насте Јончески. Постхумно благодарници беа доделени и на Климе Савин, Леко Радиќ, Славе Филев, Нико Нестор и Атина Бојаџи.

Во рамки вечерашната манифестација беа промовирани фотографии од првиот пливачки маратон организирана и документарниот филм „Охридски пливачки легенди“.

Maraton_20220909001Maraton_20220909002Maraton_20220909003


WebOhrid / 09.09.2022 / Општина Охрид