28/04/2024
Охрид

Превентивни активности на СВР Охрид за побезбеден сообраќај

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид денеска (04.04.) во основното училиште “Наум Охридски“ во село Пештани, охридско одржаа едукативно предавање на тема – “Безбедност на децата во сообраќајот“ со ученици од прво до петто одделение од ова основно училиште.

Учениците најпрво беа запознати со работните задачи на полицаецот односно што работат припадниците на МВР како и за дел од средствата кои ги користат при извршување на своите службени задачи, а потоа беа запознати со базичните информации од областа во сообраќајот- правила и прописи битни за учениците – пешаци, но и важни при управување со велосипед.

Исто така, од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид, а во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Охрид беше спроведена активност како дел од кампањата “Стави појас“ при што на возачите им беа делени едукативни печатени материјали изработени со поддршка на РСБСП во насока на подигнување на свеста за употреба на сигурносни појаси при возење.