При претрес полицијата пронајде марихуана кај охриѓанец

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 26.02.2019 година на булевар „Туристичка“ во Охрид и во село Орман, охридско, полициски службеници извршиле претрес во дом и викенд-куќа на пријавениот, при што пронашле и одзеле околу 830 грама марихуана.