28/03/2024
Македонија

Припадници од ДЗС учествуваа на Меѓународната вежба „Србија 2019“

На покана на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Дирекцијата за заштита и спасување, со тим од 10 припадници, специјализирани за спасување на вода со употреба на чамци, учествуваше на меѓународната вежба во сферата на справување со вонредни ситуации “Србија 2019”.

Вежбата се одржа на Бованско езеро, на територијата на општините Ниш и Алексинац. Покрај Северна Македонија, на истата учествуваа спасувачки тимови од Руската Федерација, БиХ, Унгарија, Турција и Куба, како и од Србија, а имаше набљудувачи и од други држави.

Овој настан, коорганизиран од страна на МВР на Србија и Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација е уште еден показател на взаемното содејство на тимови од разни специјалности, од разни држави, кои уште еднаш покажаа дека се максимално подготвени да се справат со предизвиците.

На 27 јуни 2019 година, на Денот за високи гости, од ДЗС учествуваа Заменик Директорот Екрем Зендели и Валентина Атанасовска, раководител на Одделението за меѓународна соработка.

Вежбата заврши со свечено постројување на тимовите, на кои им се обрати и срдечно им се заблагодари претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Responsive imageResponsive imageResponsive imageResponsive imageResponsive imageResponsive image
Responsive image