29/04/2024
Македонија

Притвор од 30 дена за криумчар на мигранти

Одделот за прекуграничен криминал и миграција Скопје, до ОЈО за гонење оганизиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Ф.З. (25) од Куманово, а поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело “криумчарење мигранти” казниво по член 418-б став 1 од КЗ на Р. Македонија. Судија на претходна постапка на пријавениот веќе му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Според документираните сознанија од истрагата, завчера (22.07.) сопрено е патничко моторно возило “Рено” со велешки регистарски таблички управувано од страна на пријавениот Ф.З. и при контрола на возилото пронајдени се 13 лица – мигранти, меѓу кои и три малолетни лица, инаку сите од Авганистан. Лицата се на возраст од 16 до 23 години. Укажана им е лекарска помош и со нив е извршен службен разговор.