04/05/2024
Охрид

Приведен дилер на дрога кај Подмоље

На 12.04.2024 година во 18.30 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Охрид од слобода го лишија К.М.(24) од Охрид.

Тој, управувајќи патничко возило „ренџ ровер“, без регистарски таблички, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмоље, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициските службеници, туку со возилото избегал.

Во врска со случајов, а поради постоење основано сомнение дека лицето извршило кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик, полициските службеници извршија преглед на подрачјето на Подмолје до месноста „Распаќе“, при што на различни места пронајдоа и одзедоа ќеси со зелена растителна материја и опаковки со остатоци од бела прашкаста материја.

По целосно документирање на настанот, против него ќе би поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 13.04.2024 / СВР Охрид