26/04/2024
Охрид

Приведен дилер на дрога од Охрид

На 31.05.2023 во 19:10 часот на крстосница од булевар „Македонски просветители“ со улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Н.(54) од Охрид.

Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со кафеава прашкаста материја и се обидел да ја уништи.

Од него било одземено ќесе со траги од кафеава прашкаста материја.

Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и повеќе предмети со траги од кафеава прашкаста материја.

С.Н. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 


WebOhrid / 01.06.2023 / МВР