28/04/2024
Македонија

Приведен дилер, пронајдени околу 1,5 килограми дрога

Денеска (06.10.2021) полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија по добиени оперативни сознанија и добиена судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на Г,Ф. (29) во с. Долно Лисиче и други локации. При претресите пронајдени се 40 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу килограм и половина, дигитални ваги, како и амфетамин. Лицето е лишено од слобода во ПС Аеродром за понатамошна постапка.

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.