12/11/2024
Македонија

Приведен крадец од Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Кисела Вода, Аеродром и Драчево до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против А.Н.(32) од Скопје поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, една „Кражба“ предвидено и казниво по член 235 од КЗ на РМ и една „Тешка кражба“ предвидено и казниво согласно член 236 од КЗ на РМ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 45.000 денари.

Првото кривично дело пријавениот го извршил на 15 април годинава околу 21,40 часот во стан на улица „Петар Ацев“ во Скопје на тој начин што се прекачил преку терасата и преку надворешната врата од терасата која била отворена влегол внатре во станот. Откако извршил пребарување бил затекнат од оштетената и истиот во брзање од дневната соба успеал да одземе еден лап топ и го напуштил местото на настанот.
Второто кривично дело пријавениот го извршил на 02 септември ,во стан на улица „Петар Ацев“ на тој начин што се прекачил преку прозорeцот од кујната кој бил отворен, насилно го отворил комарникот, и влегол внатре во станот, од каде одзел ЛЦД телевизор , еден мобилен телефон, разновиден златен накит и два паричници во кои имало лични документи и пари и го напуштил местото на настанот.

Украдените предмети дел ги продал на пазарот во Шуто Оризари, а дел ги заложил во заложна куќа, од каде заложените предмети со потврда се одземени и вратени на оштетените.

На 04.10.2018 година во Полициска станица Аеродром лишен е од слобода пријавениот А.Н.