28/04/2024
Охрид

Приведен крадец во Охрид

На 28.12.2022 во 15:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(57) од Охрид.

Тој бил затекнат на улицата „Јане Сандански“ во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Охрид, и да изврши кражба.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 29.12.2022 / МВР