27/04/2024
Македонија

Приведен криминалец баран со потерница за шестгодишна затворска казна

Денеска (31.08.2023) во 15.00 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Свети Николе, со живеалиште во Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.