02/05/2024
Македонија

Приведен криминалец од Азербејџан, баран од Интерпол

Денеска (15.02.2021) во 11.50 часот во Скопје полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за меѓународни потраги го приведоа Б.А. (47) од Азербејџан, по распишана меѓународна потерница од Интерпол Баку, Азербејџан, кој се барал за издржување на казна затвор во времетраење од 12 години. Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со активностите за приведување на бегалците од правдата на територијата на Република Северна Македонија, но и надвор од неа во соработка со Интерпол и полициите на другите држави.