27/04/2024
Македонија

Приведен криминалец од Велешта, баран за казна затвор од 21 година

На 19.03.2021 околу 21.45 час. на патот Струга-Дебар, пред с. Велешта полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга по чл.123, чл.396 и чл.244 од КЗ на РСМ, осуден на казна затвор од 21 година.

При приведувањето кај Е.Б. е пронајден пиштол. Приведен е и Б.Б., кај кого исто така е пронајден пиштол.