29/04/2024
Македонија

Приведен криумчар на мигранти

Денеска (30.04.2023) околу 13 часот во близина на граничниот премин Богородица полициски службеници од РЦГР Југ го лишиле од слобода Г.Б. (24) од Гевгелија, кој на мотор превезувал лице-нелегален мигрант од Пакистан. Г.Б. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот до наделжното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење мигранти“.