24/04/2024
Македонија

Приведен криумчар на мигранти во радовишко

На 12.03.2022 во 20.00 часот на локален пат покрај брана Мантово, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.О. (38) од Штип, кој во моторно возило „фолксваген туарег”, со скопски регистарски ознаки, превезувал 13 лица мигранти, од кои 5 од Гана, 5 од Пакистан, 2 од Сенегал и 1 од Бенин.

Лицата мигранти биле пренесени во Транзитниот центар „Винојуг” Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Регионален центар за гранични работи Исток и екипа на ОВР Радовиш.

М.О. е приведен во полициска станица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.