25/04/2024
Струга

Приведен насилник од струшко Велешта, изнудувал пари од угостители

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделот за специјални полициски операции на 04.11.2020 во 16.45 часот во близина на хотел во Струга го приведоа С.Н. (43) од село Велешта, насилник кој во неколку наврати од сопственици на угостителски објекти изнудувал пари. По преземени мерки и активности, С.Н. бил забележан во близина на хотел во возило „џип“ и лишен од слобода, а при претресот е пронајден пиштол со пет куршуми. С.Н. е приведен во ПС Струга и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.