11/05/2024
Охрид

Приведен охриѓанец кај кого била најдена дрога

На 01.01.2020 во 20:40 часот на ул.„Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.К.(35) од Охрид, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, стои во билтенот на настани на МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.