27/04/2024
Охрид

Приведен скопјанец на ул. „Коста Абраш“ во Охрид, од него одземени марихуана и нож

На 21.08.2023 во 22.45 часот на улица „Коста Абраш“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле С.Ш.(44) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и нож.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.