28/04/2024
Македонија

Приведен сторителот на убиството во с. Беловодица

Ноќеска (15.09.) околу 02:00 часот полициски службеници од ПС Прилеп и СВР Битола го приведоа Е.Т. (24) од Битола, полициски службеник, поради основано сомнение дека сторил кривично дело “убиство“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

„Имено, вчера, на 14.09., околу 16:30 часот било пријавено дека во с.Беловодица- прилепско на патот гори непознато лице. Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело. Утврден е идентитетот на убиениот , А. Б. (36) од Битола, кај кого биле забележани прострелни рани во телото.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и околу 02,00 часот приведен е Е.Т., кој во целост го признал делото и го објаснил начинот на кој го извршил. Во текот на денот, Е.Т. ќе биде предаден на Јавното обвинителство“- соопшти Ангеловски.