29/04/2024
Македонија

Приведен тетовец кој дома чувал речиси четири килограми марихуана

Завчера (16.11.) во периодот од 17.35 до 18.35 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, по добиена наредба од Основен Суд Тетово, а врз основа на претходни оперативни сознанија, извршиле претрес на во стан на ул. „146“ во којшто како потстанар живее лицето А.Г. (32) од Тетово.

При претресот во станот била пронајдена наркотична дрога марихуана со тежина од околу четири килограми. Дрогата била била сокриена во различни делови од станот – во пластично буре, стаклена тегла, најлонско ќесе и во две зипер кеси, во кујната, ходникот и спалната соба.

Пронајдените предмети, заедно со дрогата, со потврда за привремено одземени предмети, биле одземени и предадени на вештачење. А.Г. бил приведен во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.