09/11/2024
Македонија

Приведени четири лица од Куманово за издржување казна затвор до шест години

На 16.10.2020во 08.20часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле Б.С.(26) од Куманово за издржување казна затвор од пет ипол години во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за извршено кривично дело „обљуба“ по член 187 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.  

На 10.10.2020 во 01.25часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле Е.Б.(25) од Куманово за издржување казна затвор од една година во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за извршено кривично дело „телесна повреда“ по член 130од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.   

На 13.10.2020 во 00.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле М.Т.(29) од Куманово за издржување казна затвор од една година во Казнено-поправната установа Затвор Куманово. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.   

На 15.10.2020 во 09.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле М.Д.(28) од Куманово за издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за извршено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Куманово.