28/04/2024
Македонија

Приведени двајца крадци, одземеното вратено на сопственикот

На 03.12.2022 во 17.00 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги лишиле од слобода М.К.(20) и Д.К.(19), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во периодот од 11.00 часот на 02.12.2022 до 09.00 часот на 03.12.2022 извршиле „тешка кражба“ во куќа на ул.„Нов живот“, сопственост на С.К., при што одзеле алати и градежни материјали.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.