28/04/2024
Македонија

Приведени двајца насилници во Битола

На 30.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул. „Леринска” во Битола го лишиле од слобода Н.П.(43) од Битола ,а на ул. „Генерал Васко Карангелевски” го лишиле од слобода Е.Р.(38) од Битола постапувајќи по добиена пријава од 56- годишен маж од Битола дека истиот ден Н.П. и Е.Р. му се заканувале со остар предмет. По документирање на настанот, против Н.П. и Е.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.