28/04/2024
Македонија

Приведени двајца разбојници – расчистени четири кривични дела

На 01.11.2019 СВР Скопје приведе двајца малолетници од с.Батинци поради постоење на основи на сомнение за сторени четири кривични дела „разбојништво“.

Првото кривично дело е извршено на 20.10.2019 во 02:00 часот, при што на Х.Е.(39) од Скопје на ул.„1“ бб во с.Батинци, во близина на угостителски објект, со закана му биле одземени пари од две лица кои ги превезувал со такси возило. Потоа, на 22.10.2019 околу 23.40 часот во с.Батинци, скопско, во близина на месноста викана „Јурија“, на З.Д.(53) од Скопје, на таксист кој превезувал две лица, откако едното лице се симнало од возилото, другото со закана му одземло пари.

Третото кривично дело се случило на 24.10.2019 во 21.00 часот, врз такси превозникот Д.К.(57), на кој во с.Батинци, над Дрисла, со употреба на сила му биле одземени пари, при што бил и физички нападнат.

На 29.10.2019 во 21.40 часот било извршено четвртото кривично дело од страна на двајцата приведени малолетници, при што на А.Т.(55), таксист, на регионалниот пат Скопје – Козјак, во близина на угостителски објект, со закана му биле одземени пари и лични предмети од двете лица кои ги превезувал.

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес во домовите на Н.М.и В.Ш., родители на малолетниците, во с.Батинци и одзеле предмети кои биле користени при извршување на разбојништвата.

Со приведените малолетници, во присуство на родители, јавен обвинител за малолетници и адвокат извршен е разговор со нив, при кој тие ги признаа делата, а воедно извршено е и препознавање на сторителите од страна на оштетените. По комплетно документирање на случајот ќе следува кривична пријава.