Приведени две лица кои учествувале во тепачка на булевар „Туристичка“ во Охрид
На 15.07.2020 во 14.30 часот, по случена сообраќајна незгода на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Стив Наумов„ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу В.Л.(45), К.Д.(21), Ф.Д.(37), С.Д.(56) и Д.Б.(22), сите од Охрид. По незгодата, Ф.Д. започнал вербална расправија со К.Д. во која подоцна се вклучиле и останатите учесници. Двајцата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.