23/04/2024
Македонија

Приведени тројца разбојници од Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство-Скопје против тројца малолетници од Скопје ( на возраст од 15,16 и 17 години) поради основано сомнение за извршени кривични дела разбојништва и дрски кражби во централното градско подрачје. Осомничените со сериозна закана, употреба на физичка сила и нож врз малолетници во вечерните часови во периодот од 18.00 до 21.00 часот одземале пари, мобилни телефони, часовници и друго. Во извршениот разговор, осомничените ги признале делата и го појасниле начинот на извршување. По насока на Јавен обвинител, извршено е и препознавање од страна на десетина оштетени лица, кои ги препознале малолетниците како сторители на кривичните дела.