20/04/2024
Македонија

Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна од три ипол години

Денеска (02.10.2020) во 14.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Галате во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го приведоа Ф.Л.(50) од с.Дебреше, кој со наредба од Основниот суд Скопје се барал за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 418 став 1 и 2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Лицето е спроведено во казнено-поправната установа Идризово.