28/04/2024
Охрид

Привршуваат подготовките пред големиот христијански празник Водици

Во пресрет на големиот христијански празник се уредува Градското пристаниште каде капачите ќе влегуваат по чесниот крст. Изминативе денови членовите на нуркачките клубови го чистеа дното на Охридското езеро, а ЈП „Охридски комуналец“ се вклучени во темелно чистење на Градското пристаниште каде верниците влегуваат во езерските води. Дополнително екипи на ЈП „Охридски комуналец“ го украсуваат градот.

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Заинтересираните капачи кои сакаат да бидат дел од настанот, своето учество можат да го пријават во сите парохиски цркви во Охрид.

По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Чалгија саунд систем“.


WebOhrid / 16.01.2023 / Општина Охрид