26/04/2024
Македонија

Продолжува периодот на топло време со умерен југоисточен ветер

Од УХМР известуваат дека продолжува периодот на топло време со умерен југоисточен ветер.

Во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови и тоа претежно во планинските подрачја.