21/05/2024
Охрид

Промоција на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ од режисерот Илија Пиперкоски

Синоќа во големата сала на Општина Охрид, се одржа промоција на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски. Филмот го прикажува настанувањето на познатата охридска староградска песна “Охрид, Охрид убав мил“, авторско дело на последниот голем охридски трубадор Сотир Димитровски – Зингал.

Според зборовите на авторот, овој документарец е прв во серијалот кој ќе биде снимен, со работен наслов „Раскажи песно“, а ќе обработува чалгиски староградски песни и нивното значање за македонската музичка култура.

OLYMPUS DIGITAL CAMERAOLYMPUS DIGITAL CAMERAOLYMPUS DIGITAL CAMERA


WebOhrid / 09.12.2023 / Општина Охрид