26/04/2024
Македонија

Промоција на веб-апликација WebSafe

Националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и државна секретарка во МВР Магдалена Несторовска, вчера (21.06) во транзитниот центар Табановце заедно со претставници на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција спроведоа активности во рамки на проектот поддржан од Меѓународниот центар за развој на миграциска политикаICMPD „Информативни мерки и градење на капацитетите за азил, легална и нелегална миграција во Авганистан, Ирак и Западен Балкан (ИКАМ)“.

Во Привремениот транзитен центар Табановце, беа доставени и поделени информативни материјали -постери и брошури на 8 различни јазици (англиски, француски, арапски, урду, фарси/дари, пашту, итн.) со цел промовирање на новата web платформа -WeBsafe која ќе обезбеди релевантни податоци и информации поврзани со миграциите на јазици разбирливи за мигрантите, како и подигање на нивната свест за ризиците и опасностите на кои се изложени мигрантите при движење, а особено ранливите категории на лица. За оваа цел, во Привремениот транзитен центар Табановце-Куманово, Привремениот транзитен центар Гевгелија и во Прифатниот центар за странци ќе бидат дистрибуирани вкупно 682 брошури и 22 постери.

Проектот ИКАМ има за цел преку обезбедување на релевантни информации да им овозможи на мигрантите кои се наоѓаат во регионот на Западен Балкан да носат правилни одлуки кои ќе ја намалат нивната ранливост.

Досега во рамки на проектот реализирани се и две национални работилници за градење на капацитетите на истражителите и обвинителите во борба против трговија со луѓе и работилница за градење на капацитетите на помладите полициски службеници во борбата против трговијата со луѓе, како и две регионални работилници за управување со мешани миграциски текови и идентификација и упатување на жртви на трговија со луѓе во Западен Балкан. Воедно во рамки на проектот започната е изработка на истражувачка студија која ќе придонесе за понатамошен развој на управувањето со миграцијата во регионот.

Aпликација WebSafe, која е наменета за паметните телефони може да се превземе од Google Play Store на следниот линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.icmpd.websafe