27/04/2024
Охрид

Промовирана книгата „Детска Градинка Јасна Ристеска“ (краток историјат за периодот од 1950 до 1990) од авторот Никола Митровиќ

Во рамки на свечената пограма посветена на 7-ми Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид, денеска во централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска” беше промовирана книгата “Детска Градинка Јасна Ристеска” (краток историјат за периодот од 1950 до 1990) од авторот д-р Никола Митровиќ. 

Книгата е во издание на Општина Охрид по повод Јубилејот: 60 години од основањето на оваа институција.

Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека му претставува голема чест да биде дел од промоцијата на книга посветена на развојот на една институција, која претставува гордост за секој охриѓанец.

– Градинката успешно функционира и е пример за образовна институција во предучилишна возраст со која сите ние се гордееме. Токму затоа како локална самоуправа, настрана од ова издание кое претставува паметник за минатото, вложуваме и ќе вложуваме во иднина во реконструкција на сите објекти, дел по дел. Веќе е започната скоро во сите објекти, а ќе продолжи и понатамуКруна на се во зависност од тоа како ќе се одвиваат урбанистичките планови е и изградба и на еден нов објект кој е во најава, а процедурата е почната, нагласи Пецаков.

Во монографското издание на околу 40 страници се поместени низа архивски податоци, текстови, фотографии, документи и други информативни содржини посветени на воспитно-згрижувачката дејност во градинката во периодот од 1950 до 1990 година.

Во рамки на свечената промоција на книгата настапија КУД „Гердан од бисери“ и младите балерини од „Натали студио“.


WebOhrid / 06.11.2023 / Општина Охрид