Пронајден француски државјанин кој се загубил на Пелистер
Во текот на вчерашниот ден (15.07.2018), околу 19:25 часот СВР Битола примила дојава за загубен француски државјанин во реонот на Големо Езеро на Пелистер.
Известени биле сите надлежни институции, а екипа на ДЗС Битола околу 20:10 часот излегла на терен во потрага по изгубеното лице.
Истото било пронајдено во контактибилна состојба, и околу 00:30 часот донесено во Битола.