26/04/2024
Струга

Пронајдена дрога кај две лица од струшко во близина на браната „Глобочица“

На 24.11.2020 околу 14.00 часот, на патот Струга-Дебар, во близина на браната „Глобочица“, сопрено е патничко моторно возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од П.И.(26) од с.Велешта, струшко.

При преглед во возилото, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. Возачот на возилото и сопатникот М.А.(37) од с.Долно Татеши, струшко се приведени и по целосно документирање, Одделение за внатрешни работи Струга ќе поднесе соодветна пријава.