Пронајдена дрога кај скопјанец во автокамп „Градиште“

На 14.08.2020 во периодот од 22.35 часот до 00.10 часот, врз основа на судска нредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во автокамп „Градиште“, во  приколка, сопственост на Б.И.(26) од Скопје.
При претресот била пронајдена и одземена марихуана.  За време на претресот, во објектот биле уште четири лица од Скопје. Б.И. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.