28/04/2024
Струга

Пронајдена удавена жена од Ресен во близина на плажа во Струга

На 25.07.2023 во 15:25 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, била пронајдена удавена Ф.С.(67) од Ресен.

Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатира смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.


WebOhrid / 26.07.2023 / СВР Охрид