27/04/2024
Македонија

Пронајдени 7 гранати од Прва светска војна во лозова плантажа во гевгелиско Селемли

На ден 27.04.2020 по пријава на патрола на АРМ, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување извршена е интервенција во реонот на граничната линија со Грција во близина на с.Селемли, гевгелиско, каде во разорана лозова плантажа се пронајдени 7 гранати 75 мм од Првата Светска Војна.

Неексплодираните убојни средства од страна на пиротехничарите беа дислоцирани и однесени на сигурна локација.