28/04/2024
Охрид

Пронајдени и одземени 15 рибарски мрежи на брегот помеѓу Трпејца и Свети Наум

На 20/21.05.2023 во периодот од 22:00 до 02:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ – Регионален центар за гранични работи Запад, во содејство со инспектори по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, во водите на Охридското езеро реализираа патролни активности со мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура. Притоа, на околу 20 мeтри од брегот на езерото, на потегот помеѓу селото Трпејца и Св.Наум, пронајдоа и одзедоа 15 рибарски мрежи со должина од по околу 50 метри со улов од околу 13 килограми риба.


WebOhrid / 22.05.2023 / СВР Охрид