02/05/2024
Македонија

Пронајдени малолетничките од струмичко што беа пријавени дека се изгубиле на екскурзија во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека на 08.05.2023 околу 23.50 часот на бул. Борис Трајковски во Скопје се пронајдени девојчињата од струмичко за кои на 08.05.2023 околу 16 часот во СВР Скопје од нивната професорка беше пријавено дека се изгубиле на територија на Центар.

Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени.