Пронајдени осум рибарски мрежи на потегот од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ Струга
Денеска (24.10.2023) по преземени мерки и активности, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ на потегот од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ – Струга, на околу 1000 метри од брегот, пронајдоа осум рибарски мрежи со должина од по околу 100 метри, со улов од 93 парчиња риба, со вкупна тежина од 11.4 килограми.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
WebOhrid / 24.10.2023 / СВР Охрид