29/03/2024
Македонија

Пронајдено безживотното тело на 16-годишното момче од Ресен

На 04.08.2020 околу 14.00 часот во водите на Преспанското Езеро од страна на нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР беше пронајдено безживотното тело на 16-годишното момче од Ресен, за кое на  02.08.2020 било пријавено дека исчезнало во водите на езерото кај туристичката населба „Претор“.

По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.