24/04/2024
Македонија

Пронајдено оружје во Лажани, приведен 32-годишен маж

Во рамките на зајакнатите активности кои ги презема Министерството за внатрешни работи во борбата против недозволената трговија со огнено оружје, во координирана акција помеѓу Одделот за крим полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при СВР Битола, на 15.10.2019 по Наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кои ги користи лицето Е.З.(32) од с.Лажани.

Притоа, биле пронајдени и одземени една автоматска пушка калибар 7,62 mm, една пушка непозната марка калибар 6 mm, две рамки за автоматска пушка, пет куршуми за пиштол калибар 7,62 mm, два ловечки патрони калибар 16 mm и еден куршум за пушка калибар 7,9 mm.

Лицето е лишено од слобода и по изготвување на соодветен поднесок од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ќе биде предадено на јавен обвинител.