28/04/2024
Охрид

Пронајдено тело на починато женско лице кај Канео

На 23.08.2022 во 15.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското езеро, помеѓу карпите кај црквата „Канео“, било пронајдено тело на починато женско лице.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице било дадено на обдукција. Увид бил извршен.