28/04/2024
Охрид

Прослава со Јордан Митев за празникот Св.Недела во Долно Коњско

По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, на 19ти јули (вторник), во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид се организира прослава, на која годинава присутните верници ќе ги забавува познатиот фолк пејач Јордан Митев.

Забавата ќе биде со почеток во 20:30 часот.

Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско

Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на тогашната директорка на Завод и Музеј Охрид, Тања Паскали Бунташеска, а се изгради со донациите на локалните жители, како и жителите од пошироката околија.

Инаку, црквата „Света Недела“, беше осветена на 13-ти јули 2014 година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден.

WebOhrid