27/04/2024
Дебрца

Прослава во Црвена Вода по повод 75 години од издавањето на Манифестот на НОВ и ПОМ

На ден 03.10.2018 година (среда) Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, локалната самоуправа на општина Дебрца и ОУ „Дебрца“, ќе организираат  прослава во село Црвена Вода по повод јубилејот –  75 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и други значајни настани од НОВ и Револуцијата во 1943,  и патрониот празник на општина Дебрца, со  следната:

П Р О Г Р А М А

11:00 часот – с.Црвена Вода

Полагање свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор;
Обраќање на Градоначалникот на општина Дебрца – Зоран Ногачески;
Пригодно обраќање на претседателот на СБ Охрид и Дебрца – Гоце Георгиески за значењето на овој  ден;
Хор и рецитал на учениците на ОУ „Дебрца“ од с.Белчишта.
Посета на спомен домот.