26/04/2024
Македонија

Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини од Синовак слета на скопскиот аеродром

Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот Синовак слета утрово на скопскиот аеродром.

Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите.