26/04/2024
Охрид

Првоаприлски хепенинг под маски на охридскиот плоштад

Во организација на Општина Охрид во сабота на 1-ви април 2023 година по повод Денот на шегата ќе биде организиран „Првоаприлски хепенинг под маски“ на плоштадот „Свети Климент Охридски“.

На настанот со свои музички и танцови точки ќе настапат дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и ученици од сите основни училишта од територијата на Општина Охрид.

Програмата ќе започне во 11:00 часот.


WebOhrid / 29.03.2023 / Општина Охрид